Адетокумбо го исполни ветувањето од 2014 година и предизвикот на Коби

372

Јанис Адетокумбо влезе во историјата на НБА-лигата, како трет играч кој успеал да ги обедини двете МВП признанија во една сезона. Грчкиот ѕвер го предводеше Милвоки до првата титула после 50 години. Токму благодарение на неговите 50 поени, Бакси дојдоа до четвртата победа во финалната пресметка против Феникс и се искачија на НБА-тронот.

На овој начин Адетокумбо го исполни ветувањето кон градот во 2014 година дека ќе ја донесе титулата, а истовремено го оствари предизвикот кој му го постави легендарниот Коби Брајант.

Коби пред две години на својот „Твитер“ профил му постави предизвик, откако ја доби МВП титулата. Синоќа Јанис го исполни и тоа.

ПретходноБризбејн домаќин на ЛОИ 2032 година
СледноНе е само короната проблем за ОИ: На Токио му се заканува и невреме