„Бомба“ во Шкупи – доаѓа Марјан Радески!!!

2967

Репрезентативецот Марјан Радески ќе стане нов член на Шкупи. Офанзивецот доаѓа од Академија Пандев каде настапуваше во изминатата година, а претходно беше дел од Шкендија и од Металург.

Радески е повремен репрезентативец на нашата земја, а беше во ростерот на Македонија за ЕУРО 2020.

Настапува на левата крилна позиција, и со него Шкупи прави силен тим, конкурентен за титулата во Првата лига за следната сезона.

ПретходноНе е само короната проблем за ОИ: На Токио му се заканува и невреме
СледноКостов ги скина лигаментите