Летниот трансфер период носи интересни моменти и секако неочекувани пресврти ккога станува збор за големите фудбалски имиња.
Во центарот на вниманието се најде Роберт Левандовски. „Спорт Билд“ пишува дека најдобриот фудбалер на Баерн е на мета на Челзи, кој се обидува да дојде до неговите услуги.
Премер-лигашот ќе треба да одвои добра сума на пари доколку навистина сака да го донесе во неговите редови, Баерн нема така лесно да се откаже од неговите услуги.
Сагата околу Роналдо продолжува. Португалскиот фудбалер е близу до Јувентус, иако на неговата адреса имаше интересни понуди и беше поврзуван со ПСЖ. Сепак тој не само што нема да го напушт Торино можно е да потпише договор на уште една година.