Искусниот ракометен стратег Ристо Магдинчев е нов кормилар на екипата на ГРК Тиквеш 2014. Магдинчев доаѓа на местото на Горан Андоноски, кој досега го водеше тимот.
„Борбата за опстанок во натпреварувачката сезона 2020/21 година беше со интензивен карактер, во кој ГРК Тиквеш 2014 го покажа својот квалитет како успешен проект и тим кој знае да победува и да биде дел од елитното ракометно друштво. Новата сезона со себе носи нови предизвици, но клубот со полна пареа работи и се среми кон новите предизвици и победи особено на домашен терен пред полна сала „Јасмин“ со целиот нејзин сјај и капацитет“, се вели во клупското соопштение.