Новиот Вардар денеска ја одигра својата прва летна контрола, и тоа на гости во Македонска Каменица каде против Саса мечот заврши 0:0. И на двете страни имаше шанси за гол, но сепак мрежите мируваа.
Тренерот Горан Симов им даде шанса на овој прв меч под негово водство на следните играчи: Илиќ, Стојанов, Стојкоски, Јовановски, Илијоски, Давидовски, Керим, Љамчевски, Петров, Петковски и Пановски.
Во продолжение од мечот шанса добија и уште неколку други играчи.
Инаку викендов Вардар ќе настапи на турнирот „Вуко Каров“ во Кавадарци.