Не е само короната проблем за ОИ: На Токио му се заканува и невреме

313

Пристигнувањето на тајфун во сабота во Јапонија, може да направи проблем со Олимписките игри во Токио.

„Очекуваме бранови од два метри, обилни дождови и силни ветрови“, велат од едриличарската федерација на Јапонија.

Ова е ново „вознемирување“ на организицискиот комитет и меѓународниот олимписки комитет, со оглед дека и короната и позитивни случаји прават проблеми.

Тајфун се движи низ Пацификот и се очекува во сабота да влезе во Јапонија преку островот Окинава, оддалечен 2.300 километри од Токио.

Прогнозите за тајфунот Инфа засега не ветуваат дека ќе стигне до Токио, меѓутоа метеоролозите велат дека никој не може да ги предвиди силата и ветерот каде ќе го однесе. Главно ќе го погоди Тајван и региони во Кина, но секако дека организицаскиот комитет будно ја следи ситуацијата.

Меѓутоа Олимписките игри може да бидат погодени од дождови, кои се најавени. Така најголем проблем ќе имаат едриличарите кои одсега се подготвуваат за откажувања.

ПретходноАдетокумбо го исполни ветувањето од 2014 година и предизвикот на Коби
Следно„Бомба“ во Шкупи – доаѓа Марјан Радески!!!