Португалец е замената за Поповиќ во Металург

218

Металург продолжува со градење на тимот за новата сезона во која нема да настапува во квалификациите за Европската лига поради депозитот од 50.000 евра, кој ЕХФ го побара како гаранција.

Клубот и покрај ова останува со високи амбиции во домашниот шампионат. Веќе е најдена замена за Милан Поповиќ кој замина во Романија. Станува збор за португалскиот интернационалец Улисис Рибеиро.

Раководството на клубот и 30-годишниот ракометар потпишаа двегодишна соработка. Рибеиро покрај позицијата лево крило може да одговори и како централен бек.

Минатата сезона настапуваше за холандскиот тим Хари Ап, одигра 13 натпревари и постигна 33 гола.

ПретходноФудбалерите на Бока се тепаа со полицијата, противникот…летаа огради (ВИДЕО)
СледноБилд: На Баерн му се повторува случајот Алаба