Прв пораз на Андоновски- женската селекција на САД загуби на отворањето на ОИ!

708

После година и пол на кормилото на женската репрезентација на САД, Влатко Андоновски – Шате, загуби натпревар со неговата селекција.

САД доживеа непријатен пораз од Шведска на отворањето на Олимписки игри со 3:0.

Интересно е што Шате во досегашните 23 натпревари на клупата на САД, има само едно реми, и тоа токму против Шведска во пријателски меч.

САД на ОИ ќе игра уште против Австралија и Нов Зеланд, што не би требало да биде проблематично за селекцијата да обезбеди пласман во следната фаза.

ПретходноНајденов нов член на узбекистански Навбахор
СледноАлаба промовиран во Реал Мадрид, ќе го носи бројот на Рамос