Пјаниќ сака назад во Јувентус, па дури и за помала плата

300

Очигледно е дека Миралем Пјаниќ, еден од најдобрите играчи во средниот ред на Балканот, погреши што замина во Барселона. Тој минатата сезона прифати да биде дел од каталонскиот тим, меѓутоа не играше воопшто за гигантот од Шпанија, и сега бара нов клуб.

Иако има неколку заинтересирани клубови, сепак, според „Газета“ Пјаниќ сакал исклучиво да се врати во Торино, и повторно да биде дел од Јувентус. Па макар и со помала плата.

Пјаниќ ја уживаше довербата кај Масимилијано Алегри, кој повторно е на клупата на Јуве, и би требало да дојде до реализација на „кам-бекот“.

За потсетување, Барса и Јуве лани направија трампа Пјаниќ – Артур. Меѓутоа ниту Артур се снајде во Торино, ниту Пјаниќ во Барселона, па сега Босанецот би можел да се врати во Јуве, а Артур да биде продаден.

ПретходноМурињо го отпиша играчот кој ги има сите титули во својата кариера
СледноМагдинчев нов тренер на Тиквеш, нова „петорка“ во најава