Седлоски: Подготвени сме за уште еден „фајтерски“ меч

329

Екипата на Шкупи утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во СКопје го пречекува португалскиот тим на Санта Клара во рамките од второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Тренерот Гоце Седлоски смета дека екипата на Шкупи е подготвена за предизвикот кој следува и дека ќе се даде се од н себе за да се израдува верната публика.

„Подготвени го дочекуваме овој меч. Пред себе имаме доста добра екипа, со многу добри индивидуалци. Се работи за една одлична екипа, која е во топ екипите во Португалија.  Ние покажавме квалитет во претходното коло и посакуваме добар расплет на настаните за нас. Повторувам против нас имаме екипа која е квалитетна агресивна но и ние имаме што да кажеме на утрешниот меч.

Правиме анализи, ги следиме максимално, знаеме што не чека. Фајтерски но одговорно, и претпазливо на терен. Не чека многу работа како утре, така и на реваншот, но ние сме подготвени“ – изјави тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

Фатих Исмаили: Со одговорна игра до позитиве резултат

Од друга страна пак, во тимот на задоволство на сите се враќа капитенот на Шкупи, Фатих Исмаили.

„Максимално сме подготвени и  утре ќе дојдеме до позитивен резултлтат. Ќе покажеме за што е подготвен Шкупи во моментов, како тоа го покажуваме на секој меч„ – вели капитенот на Шкупи.

 

 

ПретходноДортмунд го контактираше Раиола за Мален
СледноНа првата контрола: Вардар со реми на гости кај Саса!