Табоада: Интелегентен сум, ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот

643

Реиние Табоада е еден од новите засилувања на Е.Пелистер за новата сезона. Левиот бек доаѓа од Куба, минатата сезона настапуваше за Данкерк.

Во битолскиот тим гледа добра шанса да се дефинира како ракометар, сака со Е.Пелистер да освои титули.

„Еурофарм Пелистер е клуб кој напредува постојано. Беше второпласиран во домашниот шампионат минатата сезона. Ова е добра шанса за мене да се дефинирам како ракометар и да му помогнам да екипата да се искачи на првото место и да освојува титули. Сакам да играм „еден на еден“, ја користам мојата физичка сила. Но, интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина. Гледав некои европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дереби натпреварите против Вардар 1961 во домашната Суперлига. Ми оставија добар впечаток и ова е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата“, изјави новото засилување на битолчани. 

ПретходноБилд: На Баерн му се повторува случајот Алаба
СледноЛевандовски би можел да добие луда понуда, Роналдо близу до одлука