Јувентус веќе се подготвува за заминување на Кристијано Роналдо, односно веќе има планирано имиња по кои би тргнале доколку Португалецот се реши да замине.
Се погласни се шпекулациите дека Роналдо би можел да го засили „дрим-тимот“ на ПСЖ, па така Јувентус планира веќе кого да земе. Засега три опции се во игра.
Едната од нив е Мауро Икарди, кој би го барал од ПСЖ во случај да Роналдо инсистира на трансфер во Париз. Вториот е Габриел Жезус од Манчестер Сити, а третата опција е Душан Влаховиќ од Фиорентина.