Ернест Ѓока, стратегот на Шкендија и официјално ги “отвори картите“ во пресрет на дуелот во Рига против истоимениот клуб, кој започнува во 19 часот. Тоа е првиот дуел од двомечот во 2.квалификациско коло во Конференциската лига.
Па така Шкендија ќе ја напаѓа Рига со Б. Ибраими, Дориев и Нафиу. Инаку формацијата е онаа познатата на тетовци, 4-2-3-1. На голот е Захов, во дефанзивата се Мурати, Незири, Бејтулаи и Павич, како класични играчи за врска се Алими и Рамадани. Нафиу ќе „оперира“ по десно, додека Дориев по лево. Џака ќе биде позади истурениот Бесарт Ибраими.
Се надеваме дека Шкендија во Рига ќе дојде до позитивен резултат.