Санта Клара си ја покажа силата

566

Најдобриот коментар што може да се даде по вечерашниот меч помеѓу екипите на Шкупи и Санта Клара од Португалија во рамките од второто квалификациско коло од конференциската лига е следниот. Не е Шкупи слаб, едноставно Санта Клара е тим кој е од сосема друга фудбалска димензија и токму затоа триумфираше среде Скопје со 0:3. И нема што тука премногу да се дискутира. Екипата која доаѓа од еден од најдобрите шампионати во светот, која планира во оваа конкуренција да стигне до крајот, вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје ја покажа сета своја сила. А можеби и не сета, затоа што гостите навреме поведоа, навреме обезбедија двојно водство, и едноставно во ниту еден момент, не дозволија победата, успехот на овој меч да им биде доведен во прашање. Напротив, португалците заслужено си заминуваат речиси пласирани во следната фаза. Да, има и втор натпревар, реванш но реално Шкупи на тој меч ќе билда европски рејтинг и ништо повеќе.

Сењор несреќно во својата мрежа

Не дека Шкупи на овој меч во првиот дел не се бореше и не посакуваше повеќе од негатива, напротив. Сепак, избаниците на Гоце Седлоски пред себе имаа едноставно пресилен противник. Играчите за врска, како и напаѓачите на Санта Клара се најдоа во неколку добри ситуации пред голот на Наумовски, кој сосема нормално најдобар поединц на домашните во овој дел.

Карваљо во акција од левата страна го проигра Де Соуса, а овој си силен удар ја упатува топката преку гол. Следуваше шутот на Китановски само како загревање на атмосферата на стадионот, а Рамос потоа во 28. минута мина по лево, нафрли по земја за Карваљо, а овој од непосредна близина шутираше над голот на Наумовски. Веднаш потоа Морита упшатува силен удар над домашниот гол, за да следува најбитниот момент во првиот дел.

Санта Клара доволно притисна, беше присатна во домашниот шеснаесетник со седум, осум фудбалери,  Оливеира Сантос Линколн нафрлува, топката удира во Сењор, и го лобува Наумовски. Морита до крајот на полувремето уште еднаш го истестира Наумовски но овој изби во поле.

Алано како „брз воз“, Карваљо за 0:2

Како што заврши тимот на Санта Клара во првиот дел така продолжи и во вториот. Напади, атаци, брзи продори по страницчни позиции, и двојно водство.

Алано по левата крилна позиција мина, нафрли по земја, силно но прецизно на втора, а таму Карваљо се уфрли и заби во мрежата на Наумовски.

Потоа Шкупи едноставно немаше што повеќе да чека туку тргна на противничката половина посмело. Неколку корнер ситуации, а од едната отпадок кој на волеј го начека Китановски, но Роча прекрасно брани во својата прва права интервенција на овој меч. Удар  на Алано од косо, Наумовски повторно на место, спречува тројно водство на противникот.

Последните дваесетина минути од мечот минаа во нешто што се нарекуваше, обид на домашните да дојдат до почесен гол, за што реално немаа ниту полушанса, и неколку обиди на играчите на Санта Клара со кои можеа многу лесно поразот на Шкупи вечерва да го направат уште потежок. Во последните секунди на мечот, Алфонсо зголеми на 0:3, и го постави конечниот резултат на овој меч.

 

 

Шкупи – Санта Клара 0:3 (0:1)

Арена Тодор Проески

Гледачи: 2000

Главен судија: К.Е. Стен (Норвешка)

Стрелци:  Сењор (аг) 30м, Карвањо 48м., Алфонсо 90м (СК)

Ж.картони: Адем (Ш) Де Карваљо (СК)

Шкупи: Наумовски, Китановски, Сењор,  Сењор, Зука (Шеји 59м), Адем (Исмаили 60м), Алварез, Чешмеџиев (Шуку 77м), Маркоски, Ѓорѓиевски (Трапановски 46м), Цветановски (Суабиб 46м)

Санта Клара: Роча, Мансур, Вилануева, Алфонсо, Рамос, Линколн, Де Карваљо( Филипе 67м), Морита (Жорге 89м), Алано (Жоако Коста 78м), Крисан (Да Силва 67м), Карваљо (ПАтрик 79м)

 

ПретходноМизерија: На што ли личи оваа Шкендија…
СледноПретседателот на ИОК му посака среќа на Георгиевски!