Азар повторно во Челзи е невозможна мисија!

277

Имаше шпекулации дека Еден Азар, сегашниот играч на Реал Мадрид би можел да се врати онаму каде што ги пружаше најдобрите партии во кариерата – во Челзи. Меѓутоа веројатно од тоа ќе нема ништо, со оглед дека сумата која ја бара Реал за него не соодејствува со формата на Белгиецот.

Реал Мадрид за него сега бара најмалку 60 милиони евра, сума која е за 50 милиони помалку од онаа која ја плати за него. Згора на тоа на Челзи и не му е потребен, со оглед дека Тухел има на располагање добри офанзивци на крилните позиции (Пулишиќ, Маунт, Вернер, Зијех, Хаверц).

Згора на тоа Челзи минатата година потроши речиси 250 милиони евра на засилувања, што резултираше со освојување на ЛШ, па така сега нема претерано да трошат освен ако не е во прашање некој играч кој е во форма, како што е Халанд за кого се шпекулира сума од 150 милиони евра. Но, тоа ќе значи и продажба на некои играчи, меѓу кои се споменуваат Вернер и резервниот голман Кепа.

ПретходноСпалети за Елмас: Може да го ставите каде сакате, тој е важен играч
СледноКабак не се враќа во Шалке, продолжува во Премиер-лигата