Ако Роналдо замине од Јувентус, три имиња се во опција

651

Јувентус веќе се подготвува за заминување на Кристијано Роналдо, односно веќе има планирано имиња по кои би тргнале доколку Португалецот се реши да замине.

Се погласни се шпекулациите дека Роналдо би можел да го засили „дрим-тимот“ на ПСЖ, па така Јувентус планира веќе кого да земе. Засега три опции се во игра.

Едната од нив е Мауро Икарди, кој би го барал од ПСЖ во случај да Роналдо инсистира на трансфер во Париз. Вториот е Габриел Жезус од Манчестер Сити, а третата опција е Душан Влаховиќ од Фиорентина.

ПретходноЏовинко пред преселба во Солун!?
СледноШкендија вечерва во Рига ја стартува операцијата – 2,2 милиони евра!