Гвинеја го откажа настапот на ОИ поради коронавирусот, но дали е тоа причината?

140

Република Гвинеја требаше да учествува на Олимписките игри во Токио со пет спортисти, меѓутоа вчера Министерството за спорт на таа  земја со писмо го извести Меѓународниот олимписки комитет дека се откажува од учеството.

Како причина се наведува коронавирусот, но новинарите откриваат една сосема друга приказна.

Имено, Гвинеја не можела финансиски да го издржи учеството на игрите, односно не можела да ги подмири сите трошоци во Јапонија за своите спортисти.

Претходно и Северна Кореја го откажа учеството на игрите, а како причина исто се наведе коронавирусот.

ПретходноШкендија вечерва во Рига ја стартува операцијата – 2,2 милиони евра!
СледноЕдна добра вест за Бајиќ: Јакимовски се приклучува во стројот!