Локатели прво како позајмен во Јувентус, а потоа откуп

392

Преговорите на Јувентус за трансфер на Локатели продолжуваат, а последните информации се дека Сасуоло се согласил на позајмица од две години, и потоа откуп за 35 милиони плус 10 милиони бонуси.

Арсенал, пак, покажа дека е подготвен за неговиот потпис и нуди 40 милиони плус 5 милиони бонуси. Меѓутоа фудбалерот е дециден дека сака во Јувентус.

Првата понуда на Јувентус беше одбиена, а таа беше две години позајмица, и потоа откуп за 25 милиони.

Но, се чини дека двете страни се блиску до договор кој ќе дојде во следните денови.

ПретходноХаосот во Токио продолжува: Една земја се повлече од ОИ
СледноОтказ за директорот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри