Мизерија: На што ли личи оваа Шкендија…

2241

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Да. Навистина на што ли личи оваа Шкендија. Првакот на Македонија. Три меча во Европа, осум примени голови и ниту еден, да, ниту еден постигнат.

Ајде да играше Шкендија со некои силни екипи, барем од втор ранг, а вака…

Зарем против Мура и Рига оваа Шкендија не може да даде гол?

Мизерија. Нема друго објаснување.

И одново, и вечерва се играше без посебна тактика, да не кажеме како “муви без глави“ што се вели народско.

Да, вистина е дека тетовци имаа шанси во Рига вечерва, имаа и да биде резултатот 2:2, но кога не знаеш да дадеш гол, а примаш како да си во младинска лига, навистина тоа е тоа.

Додека фановите ја бараат онаа Шкендија, додека ние се занимаваме со тоа дека тетовци ова лето ќе заработеле милиони, стварноста навистина е нешто поинаква.

Сосема за крај. По овие три меча и дефинитивно се потврдува тоа што авторот на овој текст го кажал во десетина наврати.

Овој стручен штаб не е за Шкендија….

Точка.

ПретходноЦицмиловиќ со Воска тргна со победа!
СледноСанта Клара си ја покажа силата