Нови 12 случаи на корона на ЛОИ, меѓу нив двајца спортисти во Олимпиското село

187

Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Двајца од заразените се странски спортисти кои се сместени во Oлимпиското село, другите десет се работници поврзани со организацијата на Игрите и службени лица.

Олимписките игри ќе започнат утре и ќе траат до 8 август.

МИА

ПретходноОтказ за директорот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри
СледноСпалети за Елмас: Може да го ставите каде сакате, тој е важен играч