Познат стартниот состав на Шкендија против Рига!

291

Ернест Ѓока, стратегот на Шкендија и официјално ги “отвори картите“ во пресрет на дуелот во Рига против истоимениот клуб, кој започнува во 19 часот. Тоа е првиот дуел од двомечот во 2.квалификациско коло во Конференциската лига.

Па така Шкендија ќе ја напаѓа Рига со Б. Ибраими, Дориев и Нафиу. Инаку формацијата е онаа познатата на тетовци, 4-2-3-1. На голот е Захов, во дефанзивата се Мурати, Незири, Бејтулаи и Павич, како класични играчи за врска се Алими и Рамадани. Нафиу ќе „оперира“ по десно, додека Дориев по лево. Џака ќе биде позади истурениот Бесарт Ибраими.

Се надеваме дека Шкендија во Рига ќе дојде до позитивен резултат.

ПретходноМакедонецот Танев премина во Сиетл
СледноАрбреша Реџепи во изолација