После пет години пауза од фудбал си најде работа и тоа како селектор на Холандија

889

Луј Ван Гал (69) е новиот селектор на Холандија. Тој доаѓа на местото на Франк Де Бур на чело на холандскиот национален тим. Де Бур доби отказ после неуспехот на ЕУРО 2020 и поразот од Чешка во 1/8 финалето.

Интересно е што Ван Гал нема работа од 2016 година, кога доби отказ од Јунајтед. Тогаш реши да одмори малку од фудбалот, а сега доби „џекпот“. Потпиша договор со Холандија на 18 месеци, односно до крајот на идната 2022 година. Целта ќе му биде пласман на Мундијалот.

Ван Гал веќе еднаш ја водеше Холандија, но тоа беше во далечната 2000 година, и две години беше на кормилото на „лалињата“. Покрај нив, тој беше тренер на Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

ПретходноЛудогорец одигра само 0:0 на гости кај Мура, дебакл на Галатасарај!
СледноБарса го стави Албанецот на продажба, а тој даде хет-трик