Фудбалерот кој е осомничен за педофилија е пуштен со кауција, неговата сопруга побегнала

536

Неименуван фудбалер на Евертон пред два дена беше уапсен порад сомнение педофилија. Клубот потврди дека 31-годишниот играч е суспендиран, станува збор за првотимец чие име не се открива, а Евертон нема да излезе со нови информации се додека трае истрагата.

„Сан“ пишува дека сопругата на фудбалерот ја напуштила луксузната куќа и побегнала кај нејзините родители, засега не е потврдено дали привремено заминала поради страв од јавноста или го напуштила засекогаш.

Истиот медиум додава дека фудбалерот е во безбедносна куќа со неговите родители и неговата сестра.

„31-годишната личност е пуштена на слобода со кауција“, се вели во известувањето на полицијата.

ПретходноГризман пресече, Барса немоќна
Следно74 години Вардар – фудбалската гордост ги доживува најтешките моменти