Швајцарија пресилна за Симиќ и неговите „пулени“, Македонија сепак во полуфнале

397

Македонската младинска кошаркарска репрезентација по двете победи во низа беше демолирана од Швајцарија со 65-79. Избраниците на Тони Симиќ и покрај поразот ќе играат во полуфиналето во ФИБА „Челенџерот“.

Македонија пружи добра игра само во првата четвртна, поведе со 7-1, водството го одржуваше до 8. минута, по која Швајцарија зеде залет. Овој перод го реши со 24-26, а веќе во наредните минути ја имаше целосната доминација. Нашите момци постигнаа само осум поени, примија 22.

Ниту по одморот не се промени ништо. Уште една четвртина во знакот на противникот, кој дојде на плус 30. По една ваква негатива не постоеше начин за кам-бек.

Митревски со 17 поени и 9 скока беше прв стрелец, зад него беше Димитровски со 15 поени и 9 скока.

ПретходноОфицијално: Ериксен повеќе не може да игра во Италија
СледноПетровски и Костовски нови членови на Слога Виница