Бразил на првиот меч во рамките на Олимписките Игри во Токио ја совлада Германија со 4-2.
На овој меч доминираше напаѓачот на Евертон, Ричарлисон кој постигна хет-трик за половина час игра. Одличниот бразилски фудбалер стрелаше во седмата, 22. и 30. минута. По одморот, Германија преку Амири во 57. минута намали на 3-1, додека Аче во 83. минута стрелаше за 3-2. Конечните 4-2 ги постави Паулињо во 94. минута.
Австралија приреди изненадување, ја победи Аргентина 2-0.
ФОТО: https://twitter.com/BrasilEdition