Арбреша Реџепи во изолација

295

Арбреша Реџепи заради близок контакт со заразен (позитивен случај) на КОВИД – 19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на игрите.
Со самото тоа Арбреша Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри ТОКИО 2020.
Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020.
Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија

ПретходноПознат стартниот состав на Шкендија против Рига!
СледноОфицијално: Ериксен повеќе не може да игра во Италија