Возниот ред во ЛШ: Вардар 1961 трипати домаќин во првите 4. кола

195

Во новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите Вардар1961 ќе тргне со гостување во Норвешка кај екипата на Елверум, и на домашен терен против истиот противнк ќе ја заврши групната фаза.

ЕХФ ги објави термините за мечевите од ЛШ, и сега клубовите треба да потврдат во кој термин ќе играат и кој датум. Екипите имаат две алтернативи кога се домаќини и треба да се изјаснат кога ќе играат за да може навреме да се обезбедат авионски билети за гостувањата.

Според предложениот план на ЕХФ во првите четири кола, Вардар1961 трипати ќе биде домаќин. По гостувањето во Норвешка кај Елверум, на 15 или 16 септември следуваат три домашни натпревари, со Мешков Брест, со Алборг и со Монпелје.

Првата фаза од ЛШ, односно првите 10 кола ќе завршат на 8 или 9 декември по што следува период за подготовка за настап на ЕП 2022. Продолжението, односно последните четири кола се од 16/17 февруари до 9/10 март 2021 година.

Вардар1961 е во група со екипите на Елверум, Мешков, Алборг, Монпелје, Кил, ПИК Сегед и ППД Загреб.

1 коло, 15/16.09, Елверум – Вардар
2 коло, 22/23.09, Вардар – Мешков Брест
3 коло, 29/30.09, Вардар – Алборг
4 коло, 13/14.10, Вардар – Монпелје
5 коло, 20/21.10, Алборг – Вардар
6 коло, 27/28.10, Вардар – Кил
7 коло, 17/18.11, ПИК Сегед – Вардар
8 коло, 24/25.11, Вардар – ПИК Сегед
9 коло, 01/02.12, Кил – Вардар
10 коло, 08/09.12, Загреб – Вардар
11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар
12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб
13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар
14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум

ПретходноЈувентус се пофали со гостинските дресови (ВИДЕО)
СледноШест гола на дуелот меѓу Бразил и Германија, хет-трик на Ричарлисон (ВИДЕО)