Георгије Јанкулов во дресот на Борец

1286

Големо засилување за тимот на Борец пред претстојната прволигашка сезона. Во Велез пристигнува македонскиот младински репрезентативец и досегашен играч на тимот на Железничар Панчево, Георгије Јанкулов.

Десниот бек, кој е во потесна конкуренција за сите македонски младински селекции во изминатиот период, беше и на списокот на селекторот Благоја Милевски за последниот У21 камп во Скопје, во Велес доаѓа како екстра У21 опција која во домашниот шампионат знае да биде незгодна за екипите.

Јанкулов инаку е дете на Црвена Звезда и во минатото настапуваше со успех за младинската школа на гигантот од Белград.

 

ПретходноШест гола на дуелот меѓу Бразил и Германија, хет-трик на Ричарлисон (ВИДЕО)
СледноОбрадовиќ: Со навивачите на трибините во Битола ќе биде поинаку