Отказ за директорот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри

114

Организаторите на Олимписките игри во Токио, денеска го отпуштија директорот на церемонијата на отворањето на игрите, само ден пред почетокот на игрите, откако неговите коментари околу холокаустот предизвикаа лавина на коментари.

Кентаро Кобајаши е отпуштен од функацијата поради шегата која ја кажал за холокаустот, во рамки на една комична програма од деведесетите години, а која неодамна се појави во медиумите.

Тоа е најновиот случај во низата на скандали поврзани со игрите.

Претседателката на Организацискиот комитет на Игрите, Сеико Хашимото изјави дека е свесна дека скандалите се дел од ОИ, и дека Кобајаши е отпуштен поради неговите коментари со кои ја исмејувал трагичната случка во историјата.

ПретходноЛокатели прво како позајмен во Јувентус, а потоа откуп
СледноНови 12 случаи на корона на ЛОИ, меѓу нив двајца спортисти во Олимпиското село