Нашата експедиција веќе е во Токио, каде во една мирна и релаксирана атмосфера го очекува утрешното отворање на игрите, а потоа се разбира и официјалните натпревари.
Нашиот адут за медал на ОИ во Токио, таеквондистот Дејан Герогиевски денеска имаше средба со Томас Бах, првиот човек на ИОК.
Бах се интересирал за шансите на Македонецот на оваа Олимпијада, се задржал неколку минути со него и имал пријатен разговор. Се разбира дека не заборавил да му посака и многу среќа во таеквондо натпреварите во Токио.
ФОТО: Mok Macedonia facebook