Шкендија вечерва во Рига ја стартува операцијата – 2,2 милиони евра!

810

Македонскиот шампион по дебаклот во 1.калификациско коло во Лигата на Шампионите, вечерва во Рига против истоимениот летонски тим, ќе го одигра првиот од двата меча во 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Првиот натпревар започнува во 19 часот а се игра на стадионот на Сконто.

Се разбира дека ова е можност и да се залечат длабоките рани што ги остави двомечот со Мура. Се разбира дека на Шкендија и тоа како и е повредено егото, да се загуби со вкупни 0:6 од словенечки тим, тоа секако дека е срамота.

Но, еве шанса за поправен. И еве шанса како Шкендија како клуб може со малку среќа, и се разбира со својот квалитет, да дојде ова лето до заработка и до 2,2 милиони евра. Тетовци вечерва ја стартуваат операцијата – плејоф во Конференциската лига и заработка од 2,2 милиони евра.

Ждрепката во Нион пред три дена за тетовци во 3.квалификациско коло беше идеална. Ако се мине Рига тогаш Шкендија во битка за плејофот во КЛ ќе треба да игра против подобриот во двомечот Фолгоре (Сан Марино) и Хибернијанс (Малта). Се разбира дека овие две екипи може да се минат и ете ги тетовци во тој плејоф.

А ако таму стигнат тогаш клубот од УЕФА ќе заработи најмалку 2,2 милиони евра.

Имено досега Шкендија има чисти 900.000 евра заработка, ако ја мине Рига ќе добие плус 500.000, а ако го мине тоа 3.квалификациско коло, значи Фолгоре или Хибернијанс уште плус 750.000 евра.

Е, па, Шкендијо…ти си на потег, ваква златна шанса не се испушта.

ПретходноАко Роналдо замине од Јувентус, три имиња се во опција
СледноГвинеја го откажа настапот на ОИ поради коронавирусот, но дали е тоа причината?