Завчера Легија Варшава играше во квалификациите за Лигата на шампионите против Флора Талин. На крајот полскиот тим славеше со 2:1, а голем пех доживеа Бартош Капустка, домашниот играч кого го чека долга пауза.
Имено, тој погоди во 3. минута, но доживеа тешка повреда при радоста на голот кинејќи ги лигаментите на коленото.
Навистина голем малер за Капустка, кој што е еден од најголемите полски таленти.
Kapustka 🙈🙉 #LEGFLO pic.twitter.com/wdlmykFuX7
— Mateusz (@GetReadyToFeel) July 21, 2021