Тоа е голем клуб: Баерн со милионска помош за настраданите во поплавите!

160

Ете, тоа е голем клуб. Баерн Минхен одвои 1,1 милиони евра како помош за настраданите во поплавите во Германија, а посебно во Баварија. Во текот на изминатите неколку денови се случи навистина епско невреме, проследено со големи врнежи на дожд и големи поплави. Имаше повеќе од 150 жртви, а голем дел од жителите во јужните делови на земјата останаа и без своите домови.

Буквално помош стига од сите страни, а еве денеска и Баерн Минхен, еден од најголемите клубови во светот одлучи на помогне.

Се очекува потегот на Баерн Минхен да го следат и останатите спортски колективи во Германија.

ПретходноБесар Исени и официјално во Егнатиа!
СледноТодороски се раздели со Осијек