Македонскиот младински репрезентативец Тодор Тодороски, е нов играч на тимот на Раднички Ниш. Откако заврши негвоата соработка со Осијек во Хрватска, Тодороски не замина предалеку туку се пресели во соседна Србија.
Раднички Ниш е исклчително амбициозен клуб, кој преферира млади играачи, а по епизодата која што Тодороски ја имаше во Хрватска, и каде што не се наигра, секако дека бекот ќе бара полна минутажа и афирмација во Ниш.