Видеолотарија со силна поддршка за Иџе, кој ќе вози за нов успех на омилената Имола

125

Видеолотарија Касинос Австрија со силна поддршка за нашето заштитно лице, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе. Тој викендов ќе настапи на една од неговите омилени патеки, во рамки на ТЦР-шампионатот на Италија, во легендарната Имола.

Патеката „Енцо и Дино Ферари“ е место каде што Иџе редовно остварувал одлични резултати, без разлика во кое натпреварување, почнувајќи уште од 2016 година, кога победи во тогашниот европски шампионат (ЕТЦЦ). Во 2019 година се качи на подиумот и на двете трки од ТЦР-Италија, трето и второ место, за минатата година од четири трки на Имола да освои три четврти места и уште едно трето.

Поради сето ова, Стефановски се надева и очекува и во оваа 2021 да забележи висок пласман на Имола, во претстојните две трки, викендов.

„Конечно сме на Имола, една патека која ја чувствувам како моја. Овде имам многу убави моменти и освоени подиуми, па се надевам и оваа година ќе ја продолжам таа традиција. Доколку возилото биде во добра форма, се надевам дека и овој пат ќе остварам добар пласман на Имола, зошто не и прв подиум оваа сезона“, изјави Иџе во пресрет на трките.

По три натпреварувачки викенди и шест трки, тој се наоѓа на шесто место во генералниот пласман во ТЦР-Италија, како „прв меѓу останатите“, со оглед на тоа дека првите петмина се во значително водство, во борба за титулата. Со висок пласман во Имола би освоил значајни бодови, со кои би ја зацврстил својата позиција во генералната табела.

За тоа потребен му е добар пласман и на квалификациите кои се возат денес од 19.10 часот. Првата трка е в сабота од 13.20, а втората в недела од 12.15 часот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија ве повикува заедно да навиваме за Иџе и за уште еден незаборавен успех на големата Имола.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

ПретходноПретседателот Пендаровски го одликуваше Живко Мукаетов со Орден за заслуги
СледноМакедонската делегација зачекори на стадионот во Токио на отворањето на ОИ (ВИДЕО)