Нашата млада репрезентација „Под 20“, утре во Шопрон ја чека битка за финалето на ФИБА „Челенџер“ турнирот. Противник на момците на селекторот Тони Симиќ е селекцијата на Унгарија, домаќин на овој турнир. Натпреварот започнува во 19:30 часот.
По победите во групата над Луксембург и Романија, поразени бевме само од Швајцарија, Македонија успеа да се пласира во полуфиналето, каде, што како што веќе напоменавме, утре не чека натпревар против домашната селекција.
Втората полуфунална двојка ја сочинуваат репрезентациите на Швајцарија и Белорусија.