Неверојатно достигнување. Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата и член на ЛА Лејкерс, стигна до една милијарда долари заработка. И тој е прв кошаркар што станал милијардер кој сеуште е активен. Тоа не го постигна ни Мајкл Џордан, но тогаш тоа беа некои други времиња. Сепак треба да се каже дека Џордан, кој сега “тежи“ 2 милијарди долари, најголем дел од заработката ја има направено откако се прости од активното играње кошарка.
Инаку од таа милијарда вкупно 330 милиони долари “Кралот“ Џејмс ги има заработено од играње кошарка, додека останатите 700 милиони долари од спонзорски договори.