Македонија подобра и на втората контрола против Италија

206

Македонската ракометна репрезентација до 19 години ја совлада Италија и на вториот контролен меч во рамиките на подготовките за ЕХФ шампионатот. Избраниците на Кирил Лазаров денеска славеа со минимални 30-29.

Противникот одгигра поинаков меч, по првото полувреме имаше позитива од еден гол (16-17). По одморот Македонија заигра подобро, го доби вториот дел со 14-12, победа која дефинитивно ќе ја зголеми самодовербата пред стартот на вистинското.

Македонија ќе се тестира и со репрезентацијата на Црна Гора (25-26 јули) пред почетокот на ЕХФ шампионатот.

Македонија – Италија 30-29 (16-17). Спортска сала: „Билјанини извори“ – Охрид Судии: Методија и Михајло Илиевски

Македонија: Галевски (4 одбрани), Јовановски (2 одбрани), Ташев 3, Тодевски, Митев 1, Ивановски, Омерагиќ, Митревски 1, Димоски 2, Стојчевиќ, Ѓорговски 5, Пет. Атанасијевиќ 3, Манчевски 2, Стојковиќ 5, Илиевски, Саврески 4, Пав. Атанасијевиќ 1, Мишевски 3 Седмерци: 6.5 Исклучувања: 12 минути

Италија: Рива (9 одбрани), С. Копола (6 одбрани), Мулогер, Занон 1. Хроватин 7, Касеро, Фаданели 5, Визентин 1, Гаи 2, Арена 5, Боротели 4, А. Копола 3, Тези, Сондаки 1, Алдини Седмерци: 3/2 Исклучувања: 6 минути

ПретходноПокетино потпиша нов договор со ПСЖ
СледноКливленд Индијанс, од сега се Кливленд Гардианс