Нов Французин во редовите на Металург

841

Само два дена по потписот со португалското крило, Рибеиро, Металург доведе ново засиливување за следната сезона. Во Автокоманда ќе гледаме трет француски ракометар по браќата Кевин и Оливие Њокас. Станува збор за Абдула Мане, кој игра на позицијата левата бековска позција.

25-годишниот Мане кој беше дел од Дижон и Безансон, беше најдобриот стрелец во Про Лигата, односно втората по квалитет француска лига.

Металург иако оваа сезона нема да игра во Европа, сепак во домашнииот шампионат и тоа како серииозни амбиции, дефинитивно битката за врвот ќе биде интересна.

ПретходноДобра игра, но пораз на кадетите од Хрватска
СледноМиовски со гол и асистенција на генералката на МТК (ВИДЕО)