Одлична вест од Токио, која беше потврдена и од членовите на нашата делегација на Олимпијадата. Имено Арбреша Реџепи откако беше во каратин 24 часа, излезе од изолација и ќе биде наш знаменосец, заедно со Дејан Георгиевски на свеченото отворање на Олимпијадата, кое е закажано за денеска со почеток во 13 часот.
Таа на летот Франкфурт – Токио седела до лице кое било позитивно на Ковид-19, па затоа по наредба на ИОК мораше да биде во карантин. Сепак и по петтиот негативен тест, Арбреша Реџепи е “ослободена“ и сега може во релаксирана атмосфера да се подготвува за својот настап во џудо, како и да биде дел од нашата делегација на свеченото дефиле на стадионот во Токио, и да го носи македонското знаме.