Сон во Тотенхем уште долго време

165

Хенг-Мин Сон ќе биде дел од тимот на Тотенхем уште долго време. Тој денеска го парафираше новиот договор со тимот од Лондон со кој останува во клубот, до 2025 година.

Актуелниот негов договор траеше до 2023 година, но Тотенхем со оглед на неговиот квалитет и се она што го покажува во неговиот дрес, реши да го награди со нов, побогат дил.

„Тотенхем покажа огромна почит кон мене во овие шест години досега и очигледно е дека сум среќен тука. Се чувствувам како дома. Не морав да размислувам толку многу, одлуката беше лесна “, рече Сон. 

 

ПретходноБесмир Даци дел од Борец
СледноФантастична дрон имагинација на отворањето на ОИ (ВИДЕО)