Искусниот голман на белградски Партизан, Владимир Стојковиќ ќе го напушти клубот по долги години, и заминува на Блискиот Исток. Има понуда, и според српските медиуми истата ќе ја прифати од страна на Ал Феиха, клубот каде што тренер е некогашниот капитен на Партизан, Вук Рашовиќ.
Првите луѓе на клубот го следеле Стојковиќ на мечот против Дубајска Среда кој се играше вчера, биле презадоволни од она што го виделе и веднаш се решиле да го ангажираат искусниот голман.