ТФТ во новата сезона го чека голем предизвик, покрај домашните обврски ќе настапува на два фронта, во БИБЛ и во ФИБА Еврокупот. Па токму затоа тимот од Тафталиџе не губи време, го гради составот.
Ново име во редовите на ТФТ е Тавон Бродвеј Џуниор. 23-годишниот крилен кошаркар настапувал за Универзитетот Централ Мичиген каде во НЦАА лигата постигнувал просек од 17.9 поени и 5.4 скока.
Бродвеј е замена за Брендан Бејли кој поради лични причини го раскина договорот во македонскиот тим.
View this post on Instagram