Екипата на Силекс од Кратово можеби следната сезона ќе се натпреварува во второлигашката конкуренција, но во секој случај право прволигашки тим. Едноставно конкуренцијата во втората лига Запад е силна па мора екипите така и да се однесуваат.
Нов играч од денес на Силекс е Филип Стојчевски, некогашниот македонски младински репрезентативец кој во својата кариера досега има настапувано за екипите на Металург, Вардар, Ренова, Работнички, а еве сега му пристапува и на Силекс.
Се работи за млад 22. годишен фудбалер кој има што многу да покаже во периодот кој следува и кој за тренерот Горазд Михаилов ќе биде опција за неколку позиции во тимот.