Тимот на Борец, следната сезона како опција за линијата за врска ќе го има младиот и талентиран Бесмир Даци.
Момчето родено 2004 годиште, е млад но исклучително талентиран играч за врска кој во очите на тренерот Борче Христов падна веднаш штом им пристапи на велешани.
Даци ги одигра грото од пријателските средби за Борец летово, имаше солидна минутажа и ќе биде секако сериозна опција за У21 играч со кого многу од екипите мака мачат во првата лига.
Тоа со оглед на квалитетите на Даци нема да биде тема во Борец следниот период. Даци е член ан Македонската репрезентација до 17. години.