„Бомба“ од Островот: Хари Кејн во Сити за 187 милиони евра!

706

Дали на повидок е вториот најскап тансфер во историјата на фудбалот. Како што пишуваат медиумите во Англија, Манчестер Сити и Хари Кејн се блиску до договор, останува само уште да се решат некои ситни детали и да се објави дека капитенот на Тотенхем ќе се пресели на „Етихад“.

Пеп Гвардиола долго време го посакува еден од најдобрите офанзивци во светот и се чини дека ќе го добие и тоа за неверојатни 187 милиони евра. По трансферот на Нејмар од Барса во ПСЖ вреден 222 милиони евра, ова треба да биде вториот најголем во историјата на фудбалот.

Капитенот на репрезентацијата на Англија во Сити ќе заработува блиску 24 милиони евра годишно.

Сепак со оглед на тоа дека оваа информација прв ја објави таблоидот „Сан“ треба да се биде внимателен.

ПретходноХаџиевски тргна со Хаџер! (ФОТО)
СледноДенеска и официјално почнува најчудната Олимпијада во историјата!