Добра игра, но пораз на кадетите од Хрватска

247

На вториот контролен натпревар во Дарувар, македонските кадети рамноправни против Хрватска, но паднаа во финишот и беа поразен со 85:91.

Иако Хрватите го добија првото полувреме со резултат (40:36), нашите млади кошаркари не се предвааа. Во третата четвртина дури и го превземаа водството, беше 62:60.

Истата предност на семафорот стоеше и во 33. минута од мечот, (68:66). Со серија од пет поени, Хрватска се одвои на (76:71), кога останаа да се доиграат 4:29 минути. Лукановски ја прекина со тројка за (74:76). Но противникот врати со 8-2 и дојде до победа.

Со 24. поени најефикасен беше Шошкиќ, 17 имаше Зетов, Стојковиќ даде 15, Лукановски 14 (и 11 скока).

ПретходноСтојковиќ го „одбрани“ своето за Партизан, заминува на Блискиот Исток
СледноНов Французин во редовите на Металург