Каков малер за играчот на Легија: Даде гол, па ги скина лигаментите кога се радуваше (ВИДЕО)

392

Завчера Легија Варшава играше во квалификациите за Лигата на шампионите против Флора Талин. На крајот полскиот тим славеше со 2:1, а голем пех доживеа Бартош Капустка, домашниот играч кого го чека долга пауза.

Имено, тој погоди во 3. минута, но доживеа тешка повреда при радоста на голот кинејќи ги лигаментите на коленото.

Навистина голем малер за Капустка, кој што е еден од најголемите полски таленти.

ПретходноЕве го распоредот на настапите на нашите спортисти на ОИ во Токио
СледноСега и Торино во трката за Енис Барди!