Професионалниот безбол клуб од Кливленд, кој се натпреварува во професионалната МЛБ лига на САД и Канада, од сега натаму нема повеќе да го користи прекарот Индијанс, туку Гардианс.
Оваа одлука е донесена поради фактот што е проценето дека прекарот Индијанс има премногу расистичко значење.
Слично нешто се случи и со НФЛ тимот на Вашингтон кој го острранија името „Редскинс“.