Манчестер Јунајтед денеска го промовираше своето најново засилување, Џејдон Санчо.
Санчо на „Олд Трафорд“ доаѓа од тимот на Борусија Дортмунд за сума од нешто повеќе од 85 милиони евра. Тој во минатото беше дел од младинските категории на Манчестер Сити, па ќе биде интересно да се види во дресот на ривалот.
Санчо беше дел од Англија на ЕУРО 2020 која го освои второто место, односно загуби во финалето од Италија на пенали. Санчо беше еден од оние кои утна пенал во серијата.